Menu
Производите се на природен начин одземени од пчелните семејства без притоа да се пастеризирани или филтрирани со што се заддржуваат сите природни својства на пчелните производи. Со дозвола од државните институции за производство и продажба со високи стандарди во нашиот погон се пакува мед, полен, прополис, матична млеч, восок.
Пчелните живеалишта се распоредени на повеќе локации на Осоговските планини. Сите пчеларници се наоѓаат во еколошко чисти локации, изолирани од населените места и човечки фактори без никакво загадување во кои изобилува природа со многу лековити растенија и медоносни шуми.